Се повеќе жени фатени во стапицата на секс FOMO

Дали некогаш сте имале чувство дека и покрај тоа што го сакате својот партнер и сметате дека е вистинскиот човек за вас, тоа едноставно не е доволно добро?

Новите времиња наметнуваат нови однесувања, па сè повеќе жени започнуваат да ги манифестираат симптомите на FOMO.

Секс FOMO (Fear of Missing Out) преставува страв од тоа дека ги пропуштате нештата или наједноставно објаснето дека го немате целото секс искуство кое што го посакувате пред да се врзете со еден човек. Вообичаено FOMO се јавува кај жени кои се во 20-те и 30-те години и кои се плашат да се омажат или да ја задржат сериозната врска бидејќи сметаат дека со тоа можеби ќе пропуштат многу подобри секс искуства.

-Кога си во врска изгледа како да ги губиш сите оние потенцијални животи, а со тоа и сексуални партнери. Тоа е еден вид на губење на можностите, објаснува една девојка која пати од FOMO.

Најчестите причини поради кои жените го имаат стравот се пријателите, социјалните мрежи, но и родителите. За разлика од минатото кога семејството им сугерирало на девојките да се мажат што побрзо, денес повеќе ги советува да се посветат на кариерата, да најдат убава работа и да уживаат во животот. Социјалните мрежи пак отвораат можности за запознавање со нови луѓе, а со тоа и за мамење.

-Забележуваме нови генерации на жени кои веруваат дека треба да имаат што повеќе сексуални искуства, објаснува психотерапевтот Лесли Бел. Припадничките на понежниот пол повеќе не се грижат дали некој ќе ги етикетира како лесни или жени со повеќе сексуални партнери, туку едноставно сакаат да зграбат што повеќе од животот.

Нема ништо страшно доколку повремено имате чувство дека не сте во среќна врска, но кога започнувате да мислите дека човекот што штотуку сте го запознале ќе биде подобар во кревет, од оној што веќе го имате, нештата стануваат сериозни. Проблемот може да се влоши доколку постојано си ги уништувате добрите врски, во потрага по нешто подобро.

Доколку се наоѓате во една ваква состојба експертите препорачуваат да пронајдете партнер кој нема ограничувања и кој секогаш е подготвен за нови нешта. На тој начин ќе искусите најразлични работи и никогаш нема да ви биде здодевно, ниту пак ќе се покаете за својот избор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби