Што се случува кога мажот нема секс 1 година?

Велат дека мажите мислат на секс на секои 20 секунди, па токму затоа им е мошне тешко да останат без односи подолг временски рок.

Питер Лајнег (34) го направи незамисливото и апстинираше од секс година. Она што започна како облог со цимерот заврши со донација од 50 илјади долари за добра кауза. Тој ги употреби парите за да им помогне на девојчињата во Камбоџа кои се жртви на сексуална трговија.

Година дена без секс е навистина голем предизвик. Питер открива детали за своето уникатно искуство и како апстиненцијата од секс влијаела врз неговиот живот.

    - Пред да започнам со предизвикот собирав најразлични девојки. Ми се случуваа премногу нешта и сакав да направам пауза. 

Многу девојки знаеја што правам и намерно сакаа да ме одвлечат во кревет. Неколку пати бев излезен со момците, па мораа да ме собираат. Се си оди рака под рака. Пиењето, излегувањето сето тоа е дел од шемата. 

Започнав да излегувам со една девојка. Претходната година не сакаше ништо со мене бидејќи сакав да ја легнам, но кога не можев да го направам тоа и станав интересен. Многу бев исфрустриран затоа што бакнувањето води кон секс. За малку ќе раскиневме. Си велев „гајле ми е за каузата“ бев како опседнат, психологијата и биологијата ме надвладеаја. Мило ми е што таа ме запре.

Можев да мастурбирам, но направив експеримент и престанав и тоа во тек на 3 месеци. Полудев, нагонот ми скокна до плафон. Го препорачувам тоа. Тоа е одличен начин за менување на фокусот на енергијата.

Доживеав спиритуална промена. Медитацијата ми го промени животот. Видов цитат од Далaј Лама кој вели дека ако секое 8-годишно дете научи да медитира, мирот во светот ќе настапи по една генерација и тоа ми даде инспирација. 

На новогодишната ноќ решив да бидам трезен и да не спијам со никого и покрај тоа што сите ме прашуваа што ќе плеснам. Поминав низ едно духовно патување и ги гледав нештата на поинаков начин. Почекав уште 4 дена пред да имам секс, а потоа потполно се опуштив. 

Мислев дека од прва ќе соберам некоја девојка од клуб, но сè беше поинаку и беше навистина добро. 

Сега се гледам со една девојка и нештата се различни од порано. Морав да се соочам со демоните од минатото кои во суштина беа причината поради која постојано спиев со различни девојки. Морав да изградам однос самиот со себе си и тоа од сосема нова гледна точка. Сега сум пореален и имам поголема поврзаност и длабочина во моите врски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби