Скокотливи секс теми: Разговори кои секој пар мора да ги води

Поставувањето на граници во креветот, сексуалните несогласувања, контрацепцијата... се само некои од темите за кои паровите би требало да разговараа отворено.

Разговорот за секс е скокотлива тема која на површина извлекува низа непријатности кои паровите би ги шутнале под тепих наместо да ги решат. Од друга страна молчењето може само да допринесе врската да западне во криза,  проблемите да се таложат и на крај истата да резултира со раскинување. Доколку сакате да ја зачувате Вашата врска, Ве советуваме:

Поставете граници

Првото за што треба да позборувате се границите, бидејќи тие помагаат двајцата партнери да се чувствуваат удобно. Треба да разговарате за тоа какви се вашите желби во кревет, она што сакате да го направите, а зашто не сакате дури ни да размислувате. Еднаш кога ќе се постават границите, ќе се намали притисокот, но, исто така, и ризикот дека ќе го повредите партнерот доколку одбиете некоја од неговите идеи во спалната соба.

Ускладете го либидото

Во долгите врски, партнерите понекогаш може да станат толку комотни па тоа да почне да им смета во сексуалниот живот. Рутината поради тоа може да биде опасна за врската, особено ако либидата на партнерите не се совпаднат. Тоа е тешко да се усклади, но не дека е невозможно. Ако една страна има послаба сексуална желба, а другата посилна, во тие ситуации може да помогне распоредот. Одличен додаток се играчките и играњето на улоги, а треба да ги воведете постапно и без никаков притисок.

Сексуални проблеми

Предвремена ејакулација, вагинална сувост и недостаток од акција во спалната соба се деликатни ситуации за кои паровите треба да се зборува. Овде треба да бидете особено внимателни, бидејќи еден погрешен збор може да предизвика бурна реакција. Треба да му дадете до знаење на партнерот дека со заеднички сили ќе пребродите. Неговата самодоверба веќе е начната, па подобро да започнете полека и да го продолжите времето на предигра.

Заштита

За сигурноста и користењето на контрацепција треба да разговарате пред првиот секс. Вирусните и бактериските инфекции демнат, а тука е и ризикот од несакана бременост. Најдобро е со заеднички сили да одлучите кој вид на контрацепција ќе го користите. Исто така важно е е и жената и мажот да се грижат за тоа. Ризична ситуација е доколку само едниот партнер внимава на тоа.

Отворена врска или не

Пред самото впуштање во сексот со партнерот треба да разговарате за тоа каква е вашата врска. Жените најчесто се плашат од тоа прашање, бидејќи подразбираат нивниот партнер да се гледа само со нив, што може да предизвика низа непријатности тврдат брачните терапевти. Подобро е на самиот почеток да го одредите статусот на врската.

Кажете што ве возбудува

Партнерот не знае секогаш што неговата подобра половина ја возбудува, а таквите ситуации не се ретки ниту во долгите врски. Но тоа лесно може да се реши, само немојте да заборавите дека партнерот не знае да чита мисли. Треба јасно да му покажете што ве пали, а што никако не сакате. Кажете и насочете го, од тоа двајцата ќе профитирате. Веќе следниот пат тој без зборови ќе ве доведе до кулминација.

Оправдувања за секс

Не можам денес, имам главоболка – фрази кои партнерите ги користат за да избегнат секс. Но, наместо вакви оправдувања, подобро седнете и разговарајте за тоа. Постојаното одбивање ќе го повреди партнерот, но доколку му објасните тогаш тоа ќе биде поинаку. Во таква ситуација на партнерот треба да му објасните дека тоа „не денес“ не значи и „не засекогаш“. Со тоа ќе му покажете дека и понатаму сте му привлечни, но во моментот имате и други грижи кои едноставно не ви дозволуваат да уживате во сексот на вистински начин.

Распоред за секс

Квантитетот кога станува збор за сексот некогаш е поважен од квалитетот, тврдат брачните терапевти. Густиот распоред и стресот ја намалуваат сексуалната желба, но договорот за секс може да ја крене. Дури и ако е сексот според распоред, тој со самото тоа ве зближува и ве потсетува на поголемата желба за интимност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби