Работи кои жените сакаат да ги знаете

Сигурно не сакате да бидете мажот со кој жените не сакаат да легнат во кревет. Бидете совршениот маж за неа – која постојано ќе го посакува. Соочете се со фактот дека жената е многу поразлична од мажот. Размислете за тоа какви сте во кревет и пробајте да ги практикувате овие совети – кои им се навистина важни на жените.



Хигиена

Дури и ако сметате дека нема потреба денес да се истуширате, еден туш пред легнување навистина нема да ви биде на одмет. Дури можете да ја наговорете и вашата партнерка да се истушира со вас – и верувајте дека работите ќе се вжештат.

Ова не се однесува само за хигиената на вашето тело, туку и за вашите раце. Мора да ви бидат чисти рацете бидејќи со нив ја допирате интимата на партнерката, а жените многу почесто можат да развијат бактерија од која на крај и вие ќе патите.

Научете го она што таа го сака

Не ја гледате како сите жени, гледајте ја како неа. Научете што е она што ја предизвикува, кои делови на телото и се најчувствителни и во кои пози најмногу ужива. Не ја гледајте како сите жени туку како една посебна жена која треба да ја гледате како кралица, за да ви врати со иста мера.

Предиграта започнува со алишта



Предиграта може да трае цел ден, преку праќање на жешки пораки, слики и слични работи кои знаете дека ве возбудуваат. Со ваква предигра ќе имате загарантирана возбуда кога ќе се видете.

Исто така, ако сте дома обидете се предиграта да биде со алишта. Многу е повозбудливо кога ќе се расоблекувате еден со друг, отколку сами.

Немојте да влезете во рутината

Сексуалниот живот е возбудлив кога пробувате нови работи. Не влегувајте во рутината и таму да заглавите. Пробувајте нови пози, купете некои играчки, направете романтична вечера, овозможете сензуална масажа. Има милион начини со кои можете да го зачинете сексот, а на тој начин и вашата партнерка ќе биде задоволна.

Премногу груб



Ниедна жена не сака кога и ги тегнете брадавиците или кога ја удирате по вагината! Ова звучи сурово уште кога ќе го прочитате, а како ли се чувствува жената на која и го правите ова? Внимавајте со вашите допири, бидејќи женското тело е многу нежно. Ако жената сака нешто погрубо таа ќе ви каже, но ни тогаш не треба да претерувате.

Свршувате брзо

Доколку спаѓате во оваа група на мажи, помогнете си со вежби. Мастурбирајте и токму во моментот кога ќе го доживеете оргазмот, престанете. На овој начин ќе можете следен пат да се контролирате кога ќе имате секс и нема да свршите толку брзо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби