Кои жени најлесно доживуваат оргазам?

Научниците велат дека постои силна поврзаност меѓу сексуалната ориентација и зачестеноста на оргазмите.

Имено, според нив, токму хомосексуалките имаат голема предност пред хетеросексуланите и бисексуалните жени.

Овој податок го открило неодамнешното истражување, кое сугерира дека лезбејките имаат многу поголеми шанси да доживеат оргазам, кој на генерално ниво е многу понепредвидлив и поразновиден од машкиот оргазам. Во истражувањето учествувале 6150 испитаници, на возраст помеѓу 21 и 65 години.

Еве уште неколку интересни податоци кои ги открило ова истражување:

- Бисексуалките најретко доживуваат оргазам (во 58% од случаите) и истиот има послаб интензитет.

- Хомосексуалките доживуваат оргазам во 75% од случаите.

- Хетеросексуалните жени доживуваат оргазам во 62% од случаите.

- Жените, кои се во врска, два пати полесно доживуваат оргазам. Но, само 25% од нив врвното сексуално уживање го искусуваат буквално во секој сексуален однос со партнерот.

- Тајната на успешноста на хомосексуалките на ова поле лежи и во тоа што тие многу повеќе време му посветуваат на оралниот секс и секси играчките, што полесно доведуваат до оргазам. Исто така, огромна предност има и фактот што жените во истополовиот однос се поопуштени и добро го познаваат женското тело.

Од друга страна, пак, кај мажите не се забележани такви отстапувања. Хетеросексуалните мажи доживуваат оргазам во 85,5% од случаите, хомосексуалците во 84,7%, а бисексуалците во 77,6% од случаите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби