Читањето „50 нијанси сиво“ ги „расипува“ девојките

Мегапопуларната книга „50 нијанси сиво“, која стигна до рацете на повеќето девојки и жени низ светов, потврдено остава негативни последици.



Научниците велат дека читањето на оваа еротска трилогија може да доведе до социјално неприфатливо однесување на жените бидејќи добар дел од нив не го земаат во предвид фактот дека Кристијан и Ана се само фиктивни ликови.

До овие сознанија за негативните последици од читање на оваа популарна еротска трилогија, научниците дојдоа преку истражувањето спроведено на универзитетот во Мичиген. Резултатите откриле дека читањето на книгата, особено на сите три дела, може да доведе до социјално неприфатливо однесување кај жените што вклучува промискуитет, консумација на алкохол, тенденција да избираат насилни партнери и слично.

Во истражувањето учествувале жени на возраст од 18 до 24 години и тоа оние кои имаат добар социјален живот, кои сакаат да излегуваат, да испијат по некоја чашка и кои повремениот секс без обврски не го сметаат како неприфатлив подвиг.



Па така, кај овие жени биле пронајдени две значајни разлики. Едната се однесувала на големи разлики во однесувањето помеѓу оние кои ја прочитале „50 нијанси сиво“ и оние кои ја немале прочитано. Втората разлика, пак, се однесувала на оние кои го имале прочитано само првиот дел и оние кои ја имале прочитано целата трилогија.

Заклучокот од истражувањето е дека жените кои го прочитале само првиот дел од еротската трилогија, покажале поголема веројатност дека имаат партнер кои покажува склоност кон љубомора, демнење и психичко злоставување, за разлика од оние кои не ја прочитале приказната за Ана и Кристијан Греј. Исто така, кај нив постоела и поголема шанса за појава на пореметувања во исхраната.

Уште полоша е ситуацијата со оние жени кои ги прочитале сите три продолженија. Со нив се поврзува поголема консумација на алкохол и поголем број на сексуални партнери. Оние жени кои покажувале вакви склоности и пред читање на трилогијата, истата само дополнително ги засилила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби