Совршениот тајминг за жежок секс

Иако сигурно не ви е потребно дополнително оправдување за да имате секс со партнерот, се покажало дека постојат одредени моменти кои се уште подобри за жешка акција. Проверете во кои ситуации треба да се фрлите на работа.



Пред стресно случување

Ве чека голема презентација, важен разговор со шефот или испит? Сескот ги смирува нервите, го намалува крвниот притисок и го намалува стресот. Едно спорведено истражување покажало дека оние кои имале секс пред да имаат јавен настап или да држат јавен говор биле под помал стрес.

Наутро

Нашето тело е создадено за утрински секс. Не само што нивото на тестостерон и енергија се повисоки наутро, туку зголеменото ниво на оскитоцин ќе го зголеми чувството на блискост помеѓу партнерот и вас, додека ендорфинот ќе ви го подобри расположението.



Кога не се чувствувате добро

Иако може да изгледа контрапродуктивно, истражувањата покажуваат дека сексот всушност го подобрува нашиот имунитет. Иако сигурно со висока температура нема да бидете расположени за ваква активност, можете на овој начин да се подготвувате за сезоната на грип.

14-от ден од циклусот

Неодамна спроведеното истражување покажало дека две седмици по почетокот на циклусот, клиторисот на жената се зголемува за околу 20 проценти и е поосетлив на дразба, што значи дека таа полесно може да доживее оргазам.



После вежбање

Искористете го сјајот кој автоматски го имате после вежбање, но и полезноста на поголемата сексуална функција која следи. Имено, едно истражување на универзитетот во Тексас открило дека женските реакции (преку следење на дотокот на крв во пределот на гениталиите) на еротски материјали после 20-минутното возење велосипед биле поголеми за дури 169 проценти. Да не го споменуваме фактот дека после вежбање се чувствуваме посамоуверено во сопствената кожа, што значајно придонесува за жежок сексуален однос.

После лош ден

Доколку сакате да се ослободите од стресот после напорниот ден, немојте да посегнувате по пивото, туку поведете го вашиот партнер во кревет. Докажано е дека сексот, заедно со другите облици на физичка приврзаност (дури и држењето за раце) значајно го подобруваат расположението и го намалуваат стресот.



После голема возбуда или страшно искуство

Една од најдобрите ситуации кога треба да се фрлите во страстна игра со вашиот партнер е откако сте доживеале исцрпувачко искуство. Ова може да се однесува на било какви активности кои предизвикале во вас голема возбуда – од скок со падобран до гледање на хорор филм. Имено, кога адреналинот во телото ќе ви порасне, се зголемува и вашата сексуалност, велат експертите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби