Што сè прават жените после секс?

Имавте секс, а таа веќе трча кон тоалетот со збунет израз на лицето или пак хистерично ви се смее? Се прашувате дали сè е во ред со неа?

Не грижете се бидејќи како мажите, така и жените понекогаш знаат да се однесуваат чудно откако претходно имале сексуален однос.

Трчанка во тоалетот

Постојат жени кои веднаш по сексот имаат потреба да се истушираат или пак едноставно да се избришат. Сосема нормална реакција бидејќи секоја жена сака да биде совршена. Сепак, ваквото однесување може да остави сосема поинаков впечаток дека одвај воопшто не уживала во односот.

Каде ми е облеката?

Жените кои имаат проблем со самодовербата вообичаено посегнуваат по облеката, не дозволуваат да го запалите светлото или пак едноставно се прекриваат со јорганот.

Преку врата за 5 минути

Сексот за една вечер не е само машка привилегија. Доколку ви се случи по односот да стане и да си замине преку врата треба да ви е повеќе од јасно дека сте само авантура за една вечер.

Напад на емоции

Плаче? Неконтролирано се смее? Интимноста со партнерот може да ја доведе во чудна психолошка состојба во која не знае што попрво да направи. Во вакви ситуации оставете ја да си дојде на себе си, а потоа едноставно прегрнете ја.

Веќе заспала?!

Помалку непријатна ситуација која може да ве наведе на различни размислувања од тоа дека потполно сте ја замориле со одличниот секс, до тоа дека било толку здодевно што веднаш се комирала. Која и да е вистината, доколку постојано заспива после или за време на сексот треба сериозно да поразговарате околу тоа кон што води вашиот однос.

Сум имала и подобри...

Секој момент е добар момент за шега, се додека не е после сексот и не е насочен кон големината на пенисот или успешноста на самиот однос. Велат дека во секоја шега има половина вистина, па кога жената ќе се пошегува на сметка на партнерот, тоа не ретко е сериозен удар по неговото его.

Што има ново на FB?

Модерните технологии се навлезени во секој аспект на нашиот живот, па можеби затоа не изненадува тоа што се повеќе жени, а воедно и мажи, по сексот посегнуваат по телефонот или компјутерот. Ако ја практикува оваа лоша навика, можеби е време да и го земете телефонот од раце и да фрлите на милување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби