Стрвна на маса – стрвна и во кревет

Постои нешто мошне интимно во начинот на кој што ја јадеме храната. Од сите нешта кои сакаме да ги сокриеме од другите луѓе, јадењето е една работа која ја правиме сосема инстинктивно и нагонски, па токму затоа е речиси невозможно во тој момент да ја скриеме својата вистинска природа.

Начинот на кој јадеме и се однесуваме со храната го отсликува и начинот на кој што се однесуваме во креветот, односно во сексуалните односи со другите луѓе.

Доколку сè уште не сте сигурни дали личноста со која се гледате ќе одговори на вашите барања во креветот, можеби е вистинско време да го анализирате начинот на кој јаде.

Брзо јадење без пребирање на храната – личноста јаде само за да се засити. Ова покажува дека и во креветот, го користи партнерот или партнерката за да си ги задоволи своите секс нагони, но ретко кога е подготвена повеќе да се вложи себе си и да и пружи задоволство и на другата страна.

Мешање на различни типови на храна едно по друго – пред вас е личност која има тенденција да проба од сè. Ужива да експериментира во сексот и мрази рутина. Потребен и е секс партнер на иста бранова должина бидејќи во спротивно станува неверна.

Избегнување на определена храна од хир – тука спаѓаат сите оние луѓе кои внимаваат што јадат или пак постојано консумираат ист тип на храна од која не сакаат да се откажат. Ова е се мошне специфични типови кои секогаш имаат посебни барања во спалната соба и се плашат да го сменат својот стандарден начин на водење љубов. Се внесуваат во љубовната игра, само онолку колку што ќе проценат дека е потребно.

Гурманско уживање во она што се јаде – личноста потполно ужива во храната, нејзиниот изглед, вкусот и мирисот. Пред себе имате слободен сексуален тип, кој се препушта на сексот и задоволството. Хедонистичкото уживање трае се додека не дојде до кулминација на страста и од двете страни.

Бавно јадење – луѓето кои јадат премногу бавно сакаат да наметнат свое темпо во сексуалната игра, но и во животот. Знаат што сакаат и ретко прават компромис со своите желби и потреби. Лесно го откачуваат партнерот доколку не се вклопува во нивната секс шема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби