Одржување на пенисот во добра форма

Во грижата за целокупното здравје и одржувањето на добрата форма, не треба да го запоставите вашиот пенис. Да, добро прочитавте! За подобар сексуален живот, мора да се потрудите и околу овој важен дел од телото.

Еве како да го одржувате вашиот пенис во добра форма:



Спијте после секс или маструбација

Многу мажи често заспиваат веднаш после секс, а сега експертите тврдат дека тоа е добро за пенисот. Па така, конечно имате оправдување доколку вашата партнерка негодува околу вашето тонење во царството на соништата после водењето љубов. Имено, на пенисот му е потребно да се одмарате и да спиете што повеќе.

Во просек мажите имаат помеѓу 3 и 5 ерекции, така што додека телото спие, пенисот е активен. На овој начин пенисот се полни со крв и кислород.

Теоретски, колку повеќе ноќни ерекции имате, толку вашето еректилно ткиво ќе биде пофлексибилно. Тоа, пак, може да помогне да ја одржувате ерекцијата силна и во поодминати години, вели д-р Ирвин Голдстајн, директор на ценарот San Diego Sexual Medicine во Калифорнија.



Откажете се од цигарите

Доколку не сакате вашиот „пријател“ да ве изневери, веднаш откажете се од оваа штетна навика. Познато е дека пушењето предизвикува импотенција, а некои истражувања сугерираат дека цигарите влијаат и на големината на ерекцијата. Една студија покажала дека пенисите на пушачите се значајно помали од пенисите на непушачите.

Покрај тоа што пушењето ги оштетува крвните садови, може да предизвика штета и на самото ткиво на пенисот, кое ја губи еластичноста, а тоа го спречува истегнувањето, објаснува д-р Голдстајн.

НЕ на тврдите предмети

А тоа ја вклучува и нејзината карлична коска. Само еден погрешен потег е доволен за оштетување на „еректилните комори“. Доколку дојде до тоа, потребна ќе биде операција во рок од 24 часа, за да се спречи внатрешното крварење, а со тоа и ризикот од трајно оштетување. Според некои податоци, повеќе од една третина од мажите кои имаат проблеми со импотенцијата, имаат историја на „трауми на пенисот“.



За да се заштитите што подобро, бидете внимателни кога партнерката е врз вас, бидејќи таа поза има најголем потенцијал за предизвикување на овој проблем.

Редовни прошетки

Без одглед на неделниот ручек, мамурлакот или лошото расположение – излезете на прошетка! Едно истражување покажало дека мажите кои шетаат најмалку по еден час секој ден, поретко имаат проблеми со ерекцијата, за разлика од мажите кои воглавно седат и ретко се движат.

20-минутниот џогинг или 30-минутниот тренинг со тегови исто така ќе ви бидат од голема помош.

Збогум на љубовницата!

Статистиките покажуваат дека кај мажите кои започнуваат вонбрачни афери заеднички се токму еректилните дисфункции. Оваа појава кај нив е толку честа што лекарите кои ги третираат овие проблеми прво на своите пациенти им го поставуваат прашањето дали имаат врска надвор од бракот.



Очигледната причина за ова се наоѓа во грижата на совест кој мажот ја има заради неговата афера. Вината може да прерасне во психичко нарушување, кое води кон губиток на ерекцијата.

Внимавајте на целокупното здравје

Одржувањето на нивото на шеќерот во крвта под контрола нема само да ве одржува здрави бидејќи повеќе од 50 проценти од мажите кои патат од дијабетес се импотентни. Покрај тоа, дијабетесот го забрзува процесот на артериските болести, што со себе носи уште повеќе здравствени проблеми, како и уште поголеми проблеми со ерекцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби