Секс дилеми: Што да што не?

Секс со кондом или без него?

Ако запрашате маж дали повеќе би сакал да има секс со кондом или без него, речиси секој втор ќе ви одговори дека повеќе би сакал без. Сепак, во време кога секој спие со секого, сексуално преносливите болести се последното нешто што би сакале да го добиете. Освен тоа тука е и несаканата бременост, па секогаш е подобро да се заштитите и да внимавате на себе, отколку да ги оставите нештата на чиста случајност. Се разбира ова не важи ако сте во брак или постојано сте со еден ист партнер.

Голтање сперма

Порно актерките секогаш ја голтаат спермата на својот партнер, но вие не сте порно актери нели? Правилото е да не правите нешто што не сакате. Во реалноста жените воопшто не уживаат во тоа да ја проголтаат спермата, а и малкумина мажи сакаат да добијат бакнеж од својата сакана на која се уште има од нивниот семенски материјал. Затоа доколку не сакате или пак едноставно ви е одвратна помислата на тоа, не се терајте со сила само за да му ја исполните желбата на партнерот.

Што е со аналниот?

Некои жени велат дека полесно свршуваат по анален, отколку по вагинален пат. Но, сето тоа зависи од самата жена. За повеќето аналниот секс не е воопшто пријатно искуство, а претпочитаат да го избегнуваат. Доколку сакате да испробате нешто ново, обидете се. Ако не ви се допаѓа повеќе не го практикувајте.

Запалено светло

Заборавете на целулитот и бидете храбри кога станува збор за светлото. Тоа не значи дека треба да имате секс под рефлектори туку малку повеќе да се опуштите и да го избегнувате целосниот мрак. За одлично еротично искуство најдобро е да запалите свеќи или пак да користите слабо светло. На тој начин ќе можете да се гледате еден со друг голи и притоа нема да ги забележите малите несовршености.

Садо – мазо

Класичното садо - мазо е многу повеќе од мало плескање по задникот. Тоа подразбира врзување, латекс костими, камшици, лисици и ред други секс помагала. Експериментирањето е сосема ОК, но сите не се во влезени во фазонот на садо-мазо, па не бидете изненадени доколку наидете на одбивање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби