Жената која туѓите искуства ги претвора во порно

Ерика Луст е жената која ги крши стереотипите, од една страна бидејќи е жена режисер на порно, а од друга поради тоа што ги користи секс искуствата на другите луѓе за да ги сними своите секс филмови.

Преку нејзиниот сајт X Confessions, Луст ги собира секс искуствата, фантазиите и признанијата на луѓето и потоа ги претвора во кратки порно филмови.

-Сите ги читаме признанијата бидејќи мораме да бидеме сигурни дека истите се легални. Потоа јас избирам едно кое најмногу ме инспирира, кое мислам дека е лудо, прекрасно или одлично. По овој чекор седнувам и смислувам сценарио кое може да се извлече од таа приказна. Сценаријата некогаш се слични на признанијата, друг пат се само инспирација која ја надоградувам со мојата фантазија. Избирам по две признанија секој месец, објаснува Луст.

Според приказните кои стигнуваат на сајтот повеќето луѓе имаат слични фантазии и искуства. Паровите честопати бараат трета личност за секс во тројка, а не ретко се споменуваат и садо-мазо игри во стилот на 50 нијанси сиво.

Зборувајќи за својата работа како режисер на порно филмови, Луст објаснува нејзината професија е многу повеќе од снимање на луѓе кои имаат секс.

-Поголемиот порно материјал е лошо сексистичко порно, од кое навистина ми е здодеано. Мошне е важно жените да учествуваат во правењето на филмови за возрасни со цел да се смени оваа парадигма на машка доминација. Мислам дека мојот избор да станам режисер на порно е политички избор зошто мислам дека порното е многу повеќе од порно.

Според неа лошите порно филмови кои наложуваат стереотипен секс во кој мажот го добива сето внимание и задоволство даваат погрешна слика на реалноста и на тоа како треба да бидат поставени нештата.

-Младите гледаат порно уште пред да имаат секс во вистинскиот живот. Проблемот настанува кога започнуваат да мислат дека сексот е како порното, па имаат сомнежи и непријатности со сексуалноста бидејќи се среќаваат само со лошо порно, вели оваа режисерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби