Мастурбација: Жените можат и без рака

Сите зборуваат за сексот, но ретко кој е толку искрен кога тема на разговор е мастурбацијата. Иако самозадоволувањето повеќе не е табу тема како порано, луѓето честопати не зборуваат за тоа бидејќи се чувствуваат непријатно.

Ако направиме паралела помеѓу машкиот и женскиот пол, мажите се оние кои најчесто зборуваат за тоа, додека повеќето жени попрво би останале воздржани. Тоа не е затоа што не го прават тоа, туку затоа што сметаат дека сексуалното самозадоволување треба да биде потполно приватна работа.

Истражувањето кое што го спроведе страницата за секс играчки  jimmyjane.com покажува дека дури 92 проценти од жените редовно мастурбираат без разлика на тоа дали се во брак, врска или сами. Најголемиот процент од нив тоа го прават од 2 до 3 пати во неделата, а оние напредните секој ден.

Mастурбација од поинаков агол

Кај мажите секогаш треба рака за да се заврши работата, но жените можат и без неа. Не ретко се случува нагонот да се вивне до плафон во деновите додека трае месечниот циклус. Кај некои од жените доволна е самата фантазија и моќта на нагонот, за да свршат без притоа да ги користат рацете или било какво сексуално помагало.

Не ве фаќа сон? Додека мажите мастурбираат за да го смират нагонот за секс, многу жени го прават тоа од сосема друга причина. За подобро да заспијат! Дамите се самозадоволуваат и за забава, за да се опуштат или пак едноставно за да им биде поинтересно.

Според истражувањата некои жени повеќе уживаат во самозадоволувањето, отколку во сексот. Ова пред сè се должи на тоа што нивните партнери посветуваат многу мало внимание на женското задоволување или пак воопшто не се добри во креветот. Не за џабе, рекле дека ако сакаш нешто да биде завршено како што треба, направи го сам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби