Најчести лаги за губењето на невиноста

Кога си млад и неупатен, сексот може да ти изгледа како сето она што не е. За сите оние тинејџери кои живеат во идеалниот свет за љубовта и сексот, ви носиме десет лаги кои ќе ви ги симнат розевите очила од глава.



- Кога сте тинејџери верувате дека губењето на невиноста ќе биде толку болно што ќе имате чувство дека вашата утроба ја распаруваат ножеви и дека ќе крварите уште неколку дена потоа. Вистината е дека болката при губењето на невиноста е индивидуална. Некои девојки чувствуваат болка, а некои воопшто не. Како и да е, таа болка најчесто не е интензивна, а може да се случи крв воопшто и да не се појави. Но, доколку се појави, крварењето не е обилно.

- Кога сте помали, уверени сте дека губењето на невиноста ќе претставува најромантичниот момент кој ќе го споделите со вашата вистинска љубов. Но, во реалноста овој настан не е ни малку романтичен. Истиот најчесто е незгоден и несмасен, понекогаш и болен, а често се случува на места кои се далеку од романтични, како на пример задното седиште на автомобилот на родителите или позади училиштето. Доколку имате среќа, со тоа момче ќе продолжите да се гледате уште неколку месеци потоа.



- Тинејџерите веруваат дека сексот во полната када, како и сексот на плажа, се најдобриот начин на разгорување на страстите. Но, тоа не го сметајте за опција. Водењето љубов на такво место најчесто е незгодно и за да се изведе бидејќи подлогата ќе ве иритира и нема да можете да се опуштите.

- Само оние кои никогаш немале секс сметаат дека порно филмовите ја покажуваат вистинската слика за овој чин. Верувајте, таму глумата е поголема и од онаа во трилерите.

- Младите момчиња сметаат дека чувството на допирање на женските гради е исто како она кога ќе фатат вреќичка полна со песок. Драги момчиња, обликот, големината и цврстината на градите се различни варијабли кај секоја жена, па затоа задоволството на зграпчување на женските гради ќе ви биде различно со различни девојки.



- Неискусните девојки често се водат од предрасудите дека момчињата се сексуално возбудени по 24 часа на ден. Но, тоа е потполна лага. И мажите, баш како и жените, имаат моменти или денови кога едноставно не им е дојдено до секс.

- Тинејџерките веруваат дека сексот секогаш ќе им кулминира со оргазам кој ќе претставува експлозија од задоволства пропратени со гласни крици. Девојки, веднаш спуштете се на земја, бидејќи оргазмот ќе ви изостанува уште некое време, барем додека не се усогласите во сексот со соодветниот партнер.

- Честа заблуда која владее помеѓу неинформираните девојки е дека можат да останат бремени при орален секс. Тоа, секако, голема бесрамна лага која сте ја слушнале и е апсолутно невозможна.



- Во тинеџјерските денови, кога ненадејната експлозија на хормони ќе ви донесе влакна по вашето тело, помислувате дека истите ќе исчезнат сами од себе, баш како што се појавиле. Но, за жал, за да ги отстраните ќе треба многу да се потрудите и тоа да го правите редовно.

- Младите веруваат дека купувањето на презервативи е најголемиот срам што можат да го доживеат. Па така, тие мислат дека секогаш ќе мора пакетчето со презервативи да го камуфлираат во купот помеѓу млекото и чипсот бидејќи сите очи ќе бидат вперени токму кон него. Верувајте, освен вашите родители, никој не го интересира дали имате секс или не, а најмалку тетката на касата во маркетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби