Што забележува тој на вас?

Најчестите работи кои мажите ги забележуваат кај новата партнерка за време на првиот секс

Истражувањата покажуваат дека за првиот секс со нов партнер, жените се подготвуваат дури 6 часа. Маникир, педикир, депилација, солариум, лосиони за тело, долна облека, фризура, шминка... - на оваа процедура за разубавување, чија цел е да се воодушеви новиот плен, и’ нема крај. Но, мажите се многу едноставни суштества, заради што добар дел од овие работи се тотално беспотребни.



Списанието Men's Health направило истражување, поставувајќи им го на своите читатели прашањето: Што сè забележуваат мажите за време на првиот секс? Резултатите покажале дека сенката за очи или новиот парфем не ги интересира мажите, туку она што е поважно за нив е мирисот на кожата и изразот на лицето.

Еве ги најчестите работи кои мажите ги забележуваат кај новата партнерка за време на првиот секс:

Самодоверба



Не постои ништо позаводливо од жена која се чувствува сигурно во својата кожа и која не се двоуми тоа да го покаже. Кога таа ќе ја соблече облеката, тој не ја забележува бикини фризурата, сувата кожа или педикирот, туку еротичниот говор на телото кој за само неколку секунди може да го соборите да ви падне на колена.

Движења

Женствениот од, нишањето со колковите и телесните движења кои оддаваат женственост се дел од најсилните машки сексуални активирачи. Тој нема да гледа во вашата коса или во размачканата маскара, туку во вашето тело кое се витка во склад со неговите допири.

Израз на лицето



Страста и желбата која може да се отцрта на женското лице е неодолива и возбудлива глетка за машките очи. Заборавете на сенката во боја за очи или лосионот за тело со светки, тој ќе го погледне изразот на вашето лице за време на страстните прегратки. Слатките гримаси на лицето на партнерката за време на врвот на сексуалниот чин се слабост за мажите.

Облини

Голото женско тело во собата со придушено светло е глетка на која едноставно е невозможно да се одолее. Вашиот партнер нема да ви ги брои стриите или да се сконцентрира на целулитот, туку на заводливата силуета украсена со женско стомаче, задник, колкови и гради кои ќе му ги зафатат рацете.

Миризба



Секој човек има свој специфичен мирис на кожата. Па така, за него афродизијакот е токму мирисот на вашата кожа, а не парфемот кој го прикрива. За него уште повозбудлив е моментот кога ќе ја вдише вашата миризба на неговите чаршафи или облека и после сексот, што ќе направи одвај да чека повторно да му паднете во прегратки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби