Вистинско искуство: Се снимале за време на секс и раскажуваат

Кога ќе најдат партнер во кој веруваат, жените се подготвени да испробаат многу работи во креветот. Сепак, снимањето за време на сексот е една од работите на која се одлучиле само мал број на жени. Овие четири жени се осмелиле да направат „домашно приватно видео“ и сега раскажуваат за своето искуство.



Зошто се одлучиле на тоа?

- И со поранешниот дечко направив неколку снимки (кои се кај мене за секој случај). А едно видео направив и со сегашното момче. За разлика од првиот пат, овојпат не ми беше проблем, бидејќи верувам во партнерот. Една ноќ сакавме да вечераме кај него и тој ме замоли да се средам. Кога го соблеков капутот вечерата беше веднаш одложена. За време на предиграта, тој го извади својот телефон и почнува да не снима. И јас сакав да се снимаме, вели Тереза (35).

- Долго време одржувавме врска на далечина, но кога се видовме после два месеци, тоа нам ни делуваше како одлична идеја. Не планиравме, туку се шегувавме на тој начин, а тогаш одлучивме и да пробаме. И на двајцата ни се допадна идејата. Сфативме дека нито лошо не може да испадне од тоа, објаснува Лорен (24).

- Својата прва секс снимка ја направив со својот прв дечко, кој сега ми е маж, и тоа се случи во момент на страст. Јас бев доле, а тој го подигна телефонот и ме праша дали може тоа да го сними, вели Кристи (25).

- Мојот тогашен дечко и јас се дружевме таа вечер кај него, ни беше досадно и сакавме да ги зачиниме работите. Некако почнавме да зборуваме за порно и тој ми предложи ние да направиме едно. Мене не ми се допадна идејата, но тој скоро ме молеше тоа да го направиме. Но тогаш се забавувавме веќе една година и му верував, па прифатив, раскажува Џенифер.

Подготовки за снимање

- Не знаев дека ќе се снимаме, но ми беше мило што претходно се средив. Сакам барем да можам да ја средам косата и да изгледам подобро и секако поубаво да се нашминкам, вели Тереза.

- Јас не се подготвував. Тоа се случи брзо. Па тоа е кога два месеци нема да се видите. Само сакате што побрзо да започнете со акција, вели Лорен.

- Бидејќи сè се случи спонтано, не можев ништо да испланирам. Најважно ми беше да се снима со мојот телефон. Требаше да знам дека ги држам работите под контрола, бидејќи се уште не се познававме добро. Пред тоа само во тоалетот ставив кармин и маската... тоа беше тоа, раскажува Кристи.

- Имаше многу подготовки. Прво ги отстранивме прекривачите од креветот, бидејќи во порно филмовите најчесто се прикажува креветот без прекривки. Тогаш ја подесивме камерата од мојот компјутер. Потоа долго се средував, се истуширав, се избричив, а сега се чудам зошто тоа сум го правела кога знаев дека само ние двајца ќе го гледаме тоа, вели Џенифер.

Снимката

- Знаев дека секое мое движење и звук ќе бидат снимени и гледани и поради тоа се чувствував неверојатно секси. Освен тоа знаев дека многу го привлекувам и хемијата меѓу нас беше толку силна, па не го вовлекував стомакот за да изгледам послабо. Во еден момент тој престана да снима и ми го даде телефонот за да видам што снимил, а сексот продолжи, беше неверојатно. Добро испаднав на снимката, па самодовербата уште повеќе ми рипна, објаснува Тереза.

- Подолго ја местевме камерата, отколку што се снимавме. Сексот беше вообичаен, но фактот дека се снимате ве прави да бидете повнимателни, па обрнував внимание на секое свое и негово движење, тоа беше единствената разлика, вели Лорен.

- Се чувствував како тоа што го правев е опасно, па бев засрамена. Па се обидов да изгледам секси и го изгребав неговиот пенис со заби и премногу му ги стиснав тестисите. Се трудев и премногу, па не излезе баш природно. Многу ми е попријатно и постраствено без камера. Се чувствував како камерата да се испречи помеѓу нас, се трудев да го вовлечам стомакот и правев многу работи кои општо не ги правам.

- Тоа беше некако возбудливо, бидејќи имав впечаток дека некој не гледа. Мислам дека сексот го сфативме многу посериозно бидејќи се снимавме. Обично се смееме и се шегуваме за време на сексот, но тогаш бевме прилично тивки. Во почетокот се трудевме поради камерата. Пробавме некои луди пози. Снимањето траеше 30 минути, а последните 20 минути бевме во мисионерска поза, раскажува Џенифер.

По снимањето

- Позитивно ме изненади тоа што беше толку интимно - не се покажа дека тоа беше глупава одлука со лоши последици. Направивме нешто заедно и заедно уживавме во тоа, вели Тереза.

- Кога ја пуштивме снимката по сексот, веднаш зажаливме зошто се снимавме. Ни беше непријатно да се гледаме. Квалитетот на снимката беше лош и беше многу мрачно. Освен тоа се видовме и од многу лоши агли. Го изгледавме до пола, а потоа го избришавме. Немаше причина да го зачуваме. Се изнасвмеавме сами на себе и ветивме дека нема повеќе да се снимаме, вели Лорен

- Прв пат кога ја гледавме снимката, ми беше чудно што се гледам сама себе. Кога направивме уште неколку снимки, бен импресионирана од она што сме го направиле. Се возбудував кога ги гледавме снимките. Ја задржавме секоја снимка која сме ја направиле. Мојот маж не сака да ги бришеме, објаснува Кристи.

- Штом завршивме, ја изгледавме снимката, но тоа беше ужас. Само првите 10 минути ги видовме убаво, а потоа премотавме до крај, бидејќи мисионерската поза не ни изгледаше нешто многу интересно. На мојот поранешен дечко му се допадна и си ја прати снимката на мејл, а јас својот примерок го избришав, бидејќи ми беше срам. Во порно филмовите актерите изгледаат совршено, но тие знаат многу трикови како тоа да го постигнат. Нашето видео не беше ни приближно секси, признава Џенифер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби