Сексот и карактерот: Која е твојата поза?

Она што го правите во спалната соба открива многу за нештата кои ги сакате или пак ги избегнувате, како и за самата природа на вашиот карактер.

Мисионерска поза – за луѓе кои сакаат да играат на сигурно и немаат потреба од преголем напор. Вообичаено станува омилена поза кај парови кои немаат многу време за секс како и кај оние кои немаат тенденција да експериментираат. Според психологијата луѓето кои ја сакаат оваа поза вообичаено се традиционални и лесно запаѓаат во рутина.

Кучешка поза – мажите ја обожуваат зошто им овозможува доминација и одличен поглед на женската задница, додека оние кои ја практикуваат и уживаат во неа, најчесто се амбициозни и насочени кон остварување на своите цели.

Лажичка – психологијата вели дека мажот кој најмногу сака секс во оваа поза е заштитнички настроен кон партнерката, додека жените кои ја обожуваат посакуваат нивниот партнер да преземе поголема иницијатива во односот. Инаку станува збор за интимна поза која е идеална за сите оние кои се помалку мрзеливи во креветот.

Стоечки секс – вообичаено важи и за брз секс, што пак од друга страна открива динамичен љубовник кој ужива во спонтаноста. Оваа поза може да биде предзнак за површен маж или жена, кои даваат приоритет на своите потреби ставајќи го оние на партнерот, односно партнерката во втор план.

69-ка – позата за која што многумина зборуваат, но ретко кој ја практикува најчесто им е омилена на луѓе кои ги ставаат туѓите потреби пред своите. Навистина се трудат во она што го прават, но не ретко се губат себе сакајќи на сите да им излезат во пресрет.

Родео поза – мажите кои сакаат да се најдат во оваа доминантна женска поза се вели дека барат дама со став која има и дива страна. Од друга страна жената која ужива во ваков секс има тенденција да преземе контрола и мошне јасно става на знаење што и се допаѓа, а што не.

Превртена родео поза – повторно поза во која што доминира жената, но наместо да биде свртена со лице кон партнерот, таа е свртена со грб со што му овозможува да ужива во погледот на нејзиниот задник. Сите оние кои ја сакаат оваа верзија на позата важат за луѓе кои имаат нагласено либидо, не се плашат од нови нешта и со страст ги исполнуваат задачите кои се пред нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби