Прифатливи фетиши од кои не треба да се срамите

Врзување, необична облека, играње улоги...

Фетишите отсекогаш предизвикувале амбивалентни чувства, привлечност и одбивање, како и љубопитност која некои ја испитуваат воведувајќи ги на репертоарот во својот кревет.

И додека фетишите ги дефинираме како „чудни“, книгата „50 нијанси на сиво“ ги донесе овие склоности многу поблиску до сите нас.

Фетиш сексот не мора да биде ништо екстремно, туку само малку поинаков вид на секс кој е прифатлив и за двете страни. Тој најчесто е фиксација на високи потпетици, секси долна облека и врзување, па доколку го воведете во вашата рутина, фетиш сексот ќе ви внесе елементи на фантазија и одлично ќе ја зачини играта под чаршафите.

Ви откриваме неколку фетиши кои можат да ги испробаат и најсрамежливите, а веруваме дека ќе им се допаднат на сите.

Врзување

Веројатно многумина имаат пробано умерена верзија на „заврзи ме – одврзи ме“ сексот.

Ваквите интимни игри би можеле да ги распламтат страстите бидејќи едниот од партнерите потполно му се предава на другиот, а чувството на „беспомошност“ и потполно предавање може да биде одличен афродизијак.

Кај врзувањето постојат два основни типови: лабаво и цврсто. Доколку сакате да го испробате овој вид на интимност, договорете се со партнерот што ќе користите за врзување. За да се одлучите на овој чекор потребно е целосно да му верувате на партнерот, но и да поставите јасни правила бидејќи едниот партнер целосно ја презема контролата.

Играње улоги

Улогите се одличен пример за фетиш сексот во кој можете да искусувате разни фантазии.

Во ваквиот вид на секс можете да испробате речиси сè што ќе ви падне на ум што ве возбудува - секс со странец, секс во кој глумите неверство, секс со стриптизерка...

Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно или смешно, но со добра атмосфера, пригушена светлина и малку актерски и страстен жар, би можеле да одиграте одлична секс улога. Што се однесува на либидото - подгответе се за „полетување“!

Фетиш облекување

Ова не мора да биде резервирано само за пресоблекување во собарки, секретарки и секси медицински сестри. Возбудата од облекувањето лежи во искусувањето на разни материјали, различна долна облека, како и потрага по нешто повозбудливо од само совршен градник.

Подвезици, корсети, необични танги од разни материјали... Имајте на ум дека колку и да изгледаат убаво материјалите како тантела и сатен, фетишите обично се поврзуваат со кожни материјали и сјајни, лакирани површини. Изборот е ваш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби