Експертите им препорачуваат на жените да глумат оргазам?!

Најновите истражувања покажуваат дека дури 80 проценти од жените додека имаат секс глумат дека доживуваат оргазам. Што е најинтересно, експертите велат дкеа тоа сепак не е толку лоша работа. Имено, некои жени глумат оргазам со цел успешно да доживеат вистински.



Во истражувањето објавено во „The Journal of Sexual Archives“, жените изнеле четири главни причини зошто го глумат оргазмот.

Имено, најчестата причина е за да не ја повредат „машкоста“ на оние со кои спијат. Другата причина лежи во стравот и недостатокот на самодоверба која се јавува од преголем притисок дека сексот мора да биде позитивно искуство, а никако негативно, додека третата причина е, во најмала рака, изненадувачка. Со истражувањето се открило дека повеќето жени глумат оргазам за да ја зголемат својата возбуда.

Оваа техника на глумење на нешто додека истото не се постигне, психолозите ја користат при лечење на депресивни луѓе – смеењето ги поттикнува хормоните кои прават да се чувствуваме среќни. Па, така и секс експертот Трејси Кокс тврди дека глумењето оргазам кај некои жени може да значи доаѓање на врвно задоволство и напоменува дека дел од жените дури во климаксот се учат да уживаат во сексот.



Жените кои учествувале во истражувањето откриле дека кога глумат оргазам, нивните партнери станувале уште повозбудени, од што дополнително се возбудувале и самите тие. Забрзаното дишење, енергичното мрдање со колковите и стегнувањето на мускулите понекогаш им помага на жените да доживеат поинтензивен оргазам.

Но, важно е да се напомене дека паровите кои се на почетокот на врска не би требало да ја користат методата „глуми додека не достигнеш вистински оргазам“, бидејќи во тој случај партнерот нема да може да ги прочита вистинските знаци кои ги испраќа вашето тело кога нешто ви се допаѓа и не ви се допаѓа, заради што нема да има можност да научи како да ве задоволи. Токму заради тоа почетокот на врската е најлош можен период за глумење на врвното задоволство.

Треба да бидете свесни дека клучот во успешниот секс и задоволување помеѓу партнерите лежи во комуникацијата. Глумењето оргазам понекогаш може да биде корисно, но никако не е задолжително.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби