Зошто некои жени никогаш немаат оргазам?

Факт е дека не секоја жена е доволно среќна за да може да ужива во врвното човечко задоволство – оргазмот. Сексолозите советуваат во сексот да се истражува, за да можат жените да откријат што им се допаѓа, а што не. Во спротивност, никогаш целосно нема да може да се ужива во сексот.



Од друга страна, пак, долгогодишниот партнер претставува голем проблем за некои жени, бидејќи се плашат од осуда по изразување на нивните скриени желби.

За мажите ова може да биде вистински шок, но голем е бројот на жени кои за време на сексот едноставно никако не можат да постигнат оргазам. Некои од нив тоа го признаваат, додека други го кријат и глумат дека се задоволени, а експертите велат дека проблемот би можел да се крие во една од следните работи:

Став кон сексот

Некои жени се воспитани премногу строго, заради што сексот го перцепираат како валкана и непримерна работа. Дури и ако се свесни дека всушност не прават ништо што е лошо или неприродно, нивната совест потсвесно му испраќа порака на телото дека не смее да ужива. Размислувањето како она дека сексот е наменет исклучително за репродукција е нездраво и го ускратува задоволството на многумина, кое би требало да биде резултата на секој однос.



Незаинтересиранст за сопственото тело

Доколку жената не истражува што и’ се допаѓа во сексот, а што не, никогаш нема во потполност да ужива во сексот. Жените кои строго се држат само до мисионерската поза и не и’ придаваат многу важност на предиграта, пропуштаат многу, а токму ваквата затвореност е причина заради која многу жени имаат проблем со постигнување на оргазам.

Каде сте во врската

Некои жени запознаваат странци, поминуваат со нив една бурна ноќ и доживуваат оргазам каков што никогаш не ни сонувале, додека други не можат да се опуштат со непозната личност. Не е важно дали штотуку сте запознале некој тип или сте заедно неколку години, важно е како се чувствувате со него. Многу е чест случајот жените даможат многу повеќе да се опуштат со странец, бидејќи со него немаат срам. Од друга страна, долгогодишниот партнер за некои жени е голем проблем, бидејќи се плашат да не ги осудува доколку ги изразат нивните желби.



Претходни искуства

Траумите од претходните врски многу силно влијаат на вашата моментална. Вашиот поранешен партнер кој бил себичен во креветот, одредениот начин на водење љубов на кој сте навикнати заради кој заборавате дека постојат и други опции, или едноставниот факт дека се плашите да се препуштите на некој нов можат да бидат сосема реални причини заради кои оргазмот изостанува.

Комплекси

Преголемиот задник, целулитот или стомачето можат во потполност да ја нарушат динамиката на односот. Доколку жената постојано се грижи за тоа како излгеда нејзиното тело за време на сексот, мислите нема да и’ бидат фокусирани на задоволството, а со самото тоа станува речиси невозможно да се доживее оргазам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби