Ferrari не е за секого. На видеото се гледа како возачот, од преголема возбуда возејќи Ferrari за прв пат, во овој случај Ferrari F430, и прекорачување на дозволената брзина (каде јасно се гледа дека е дозволено 30 км на час), за влакно избегнува судар со друго возило. Катастрофата ја избегнува во последен момент.
Во справувањето со ситуацијата делува како професионалец, но судејќи според неговата реакција се гледа дека прв пат ја искусува моќта на Ferrari.
Возачот е дел од програмата "I Love Maranello", каде што учесниците можат за прв пат да возат некој од супер автомобилите, како Ferrari, Lamborghini и Pagani.