Ако сте љубители на натпреварувањето по ридски патеки, HillClimb, задолжително погледнете го видеото од Mitsubishi Lancer EVO VI Prototype, модифициран автомобил со значителни разлики споредено со серискиот модел.
Зад воланот е Roger Feghali, кој е победник на патеката во Либан за 2015 и воедно поставува нов рекорд.
Погледнете како ги совладува нагорнините и како мајсторски навлегува во кривините. Попуштете до крај и уживајте во звукот на пукачкиот турбо и „петардите“ од ауспухот.