Чекор во вистинска насока: Нов убавец од Renault

Со претставувањето на целосно новата лимузина, Talisman, Renault не само што го прикажа наследникот на популарната Laguna, туку и го најави моделот наменет за глобалниот пазар.

Малку неочекувано, без голема помпа и најава, Renault на јавноста и ја претстави својата потполно нова лимузина од D сегментот, наречена Talisman.

Оваа лимузина е нешто поголема од Laguna, а дизајнерски го следи новиот правец на Renault и дискретно најавува што можеме да очекуваме од новиот Megane IV.

За сега се најавени пет агрегати, два бензинци и три дезели, сите опремени со турбо полнење. Кога станува збор за бензинците, тука е целосно новиот ТCe 150 (од 150 KS), за кој се уште немаме никакви информации, како и iTCe 200, 1,6 литарска единица од 200 коња, позната како спортско Clio RS.

Турбодизелите ги претставува релативно новиот 1.6 dCi агрегат, и тоа во три верзии, од 110, 130 и 160 коња, со тоа што најмоќниот мотор доаѓа во твин-турбо верзија, односно со два турбо полначи.

Багажниот простор има зафатнина од 608 литри. Талисман е долг 4,85 метри, широк 1,87, а висок 1,46 метри, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2,81 метар.

Цените се уште не и се познати на јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...