ВИДЕО: Возило од кое би бил задоволен и Робокап

Патролните автомобили со кои располага полицијата во Абу Даби, се сосема поинакви во однос на било кои други полициски возни паркови во светот.



Помеѓу нивните автомобили можат да се најдат Lamborghini Aventador, Aston Martin One-77, Ferrari FF и Bugatti Veyron, а неодамна им пристигна и Lykan Hypersport возило на W Motors, на еден арапски произведувач на суперавтомобили, за кое градските власти платија дури 3,4 милиони долари.

Освен што располага со моќност на моторот од 740 коњи, постигнува од 0-100 километри на час за само 2,8 секунди, и достигнува максимална брзина од 394 км/час. Ова полициско возило е опремено со надзорни камери, сензори, компјутери и паметни алгоритми, кои се во можност да скенираат регистарска табличка на сите автомобили во видокруг од 180 степени, без разлика дали се движат или стојат на пат и да ја поврзе брзината со нивните таблички.



Освен тоа, системот ekin Patrol може да го препознае лицето на возачот, дури и при најголема брзина на движење, па за новиот автомобил полицијата од Абу Даби вели дека на возилото би бил горд и Робокап.

Паметниот систем ekin Patrol е поврзан со центарот за контрола на сообраќајот и може да комуницира со системот Safe Tower и да ја пребарува базата на „црната листа“ односно возила и возачи по кои е распишана потерница.



Компанијата моментално во Абу Даби работи на проектот Smart Traffic Center Project, кој ќе ги интегрира сите сообраќајни системи од сигнализација, навигација, следење на сообраќајот па се до јавниот транспорт и полицијата, со што Абу Даби ќе стане најпаметниот град на светот кога е во прашање патниот сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...