Хакери ми го контролираа автомобилот додека возев

Забрзаниот развој на технологијата неминовно влијае и врз автомобилската индустрија. Сепак, со сите користи кои ги носи компјутеризацијата во современите автомобили, се јавуваат и несакани ефекти.



Еден од нив е можен упад на хакери во системот на возилото. Магазинот „Wired“ со помош на двајца стручњаци за компјутерска безбедност покажа како во пракса изгледа кога го возите вашиот автомобил додека некој друг управува со него.

Хакерот може да се наоѓа каде било, а доволно е да има лаптоп, неопходно знаење (софтвер за упад во системот) и пристап до интернет. Вашата судбина тогаш е во туѓи раце и од неговата добра волја зависи дали само ќе се насмее со вас или ќе направи да завршите во бездна.



Експериментот го вршеле врз Jeep Cherokee. Во првиот дел на тестот, хакерите изведувале релативно безопасни шеги, го појачувале клима уредот, ја менувале музиката на радиото, ги вклучувале бришачите...

Иако изгледаат безопасни, сепак и овие напади носат со себе ризик од сообраќајни несреќи, бидејќи возачот сигурно ќе се збуни, а може да замислите што ќе се случи ако на пример, вози на автопат со брзина од 110-120км/час. Многу е опасно ако хакерот започне да ги контролира командите за возење, гас, кочница и куплунг. Во тој случај немате веќе никаква контрола над возилото и препуштени сте на милост и немилост на хакерот.

Погледнете како изгледа кога се наоѓате зад воланот на вашиот автомобил, а немоќни сте да направите нешто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...