Разоткриен новиот Audi Q6

Audi за претстојниот саем на автомобили во Франкфурт го подготви концепт возилото со кое би требало да го најави доаѓањето на новиот Q6 модел. Овој кросовер деновиве се појави на интернет, барем така велат оние кои имале можност да ги видат фотографиите на новиот концепт.



Новиот Audi Q6 ќе биде првиот во серијата на кросовер од брендот на Инголштат. Електричниот примерок кој треба да биде лансиран за околу две до три години е само почеток, затоа што Германците спремаат негова plug-in хибридна верзија и возило кое ќе биде придвижувано со помош на водород. Конкурентот на Модел-от X на Тесла во Франкфурт треба да се појави како концепт, а како ќе изгледа може да погледнете на фотографиите.

Овој новитет на Audi ќе се темели на MLB Evo платформа и ќе биде придвижуван од страна на три електрични мотори со вкупна моќност 507 КС и вртежен момент од 700 Nm. Моторите ќе бидат напојувани од батеријата со моќност од 90 kWh која треба  да му обезбедат автономија од најмалку 500 км.

Дали информациите се точни во моментов не може да се тврди со сигурност. Нивната веродостојност, ќе се знае кон крајот на летото кога Ауди ќе открие повеќе детали во презентацијата спремна за Франкфурт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...