Audi прави револуција: Oва е новиот Q6 кој не троши бензин?!

Најновиот концепт на Audi, e-tron Quattro, ќе биде по прв пат прикажан во Франкфурт, а воедно е и најава за електричниот Q-6 koj се очекува во 2018-та.

Аudi ги објави првите цртежи на футуристичкиот SUV концепт, под името e-tron Quattro, кој ќе дебитира на претстојниот авто-саем во Германија, а воедно истиот тој ја најавува и најновиот модел во Q гамата.

Според големината електричниот Q6 е сместен точно помеѓу Q5 и Q7, а овој концепт има за задача да ја матереализира идејата на сериските возила со т.н. нулта емисија.

Како што тврдат во Audi, е-tron quattro или C-BEV, како што му гласи интерната ознака, ќе биде технолошки демонстратор и некој вид на претходница на првиот сериски електричен автомобил на Audi, со напомена дека електричниот погон и нулта емисијата ќе бидат во служба на возачкото задоволство, а не компромис во цел на исполнување на еколошките норми.

Audi Q6 воедно ќе биде и директен ривал на најавениот Tesla Model X, кој по големиот успех на Model S верзијата на Tesla, треба релативно брзо да освои солиден процент од пазарот.

Според моментално достапните информации, Audi Q6 ќе има автономија од најмалку 500 километри, а ќе биде базиран на модуларна MLB платформа, која ја користи и неодамна претставениот Q7 модел.

Што се однесува до погонот, кој ќе се состои од три електромотори, деталите се уште се непознати, иако се шпекулира дека доста елементи ќе потекнуваат од еволуција на моделот R9 e-tron.

Концептот e-tron quattro треба да располага со вкупно околу 500 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, додека се претпоставува дека вкупниот капацитет на литиум-јонските батерии може да изнесува и до 90 kWh. Исто така се тврди дека аеродинамиката ќе има голема улога во зголемување на автономијата, со отпор на воздухот кој изнесува, за SUV, фантастични 0,25 (Cd)!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...