Слободно можете да заборавите на скутерите на вода бидејќи ова чудо за на вода, налик на делфин, ви овозможува неверојатни можности, а дури може и да нурка под вода.
За да ги остварите своите детски сништа, некои луѓе се подготвени да вложат пари и време за да направат интересен скутер на вода, токму по своите желби и потреби. Во овој случај, двајца пријатели решиле да ги направат овие „играчки“ за да уживаат во возењето.
Специјално модификуваниот скутер Seabreacher, кој може да личи на делфин (или ајкула, што вам може уште повеќе да ви се допаѓа), е од затворен тип, а за работата да биде уште поинтересна, со него уште може и да се нурка.
Погледнете: