Врвен хедонизам: Престиж од Rolls-Royce

Новиот модел во понудата на Rolls-Royce е кабриолетот Dawn, кој премиерно ќе биде прикажан на авто-саемот во Франкфурт.

И додека „обичните“ автомобили се потешко го пронаоѓаат својот пат до купувачите, се чини дека на суперлуксузните и престижните автомобили им оди подобро отколку било кога.

Меѓу нив секако е и Rolls-Royce, чија гама на модели никогаш не била побогата и поразновидна, а од Франкфурт ни доаѓа нов кабриолет.

Иако е базиран на моделот Wraith, во Rolls-Royce тврдат дека скоро 80 отсто од каросеријата е нова кога станува збор за Down, а само вратата и дел од предната маска се „позајмени“ од постоечкиот модел. Од RR наведуваат дека за инспирација го имале и Silver Down Drophead од 1952-та.

Автомобилот е долг дури 5,3 метри, додека меѓуосовинското растојание е повеќе од импресивно, бидејќи изнесува дури 3112 милиметри.

Секако, во склад со димензиите, и масата не е занемарена, па Dawn е тежок дури 2560 килограми, што е за околу 200 кг. во однос на Wraith.

Освен што е удобен како и претходниот модел Wraith, новиот кабриолет го движи 6,6 литарски V12 twin-turbo мотор, ист кој се наоѓа и во моделот Ghost, а ослободува неверојатни 560 коњски сили при 5250 вртежи во минута, како и 780 Nm вртежен момент кој за 4,9 секунди ви овозможува спринт до 100 km/h.

Цената на овој модел е околу 350.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...