Porsche прави револуција: Ова е првиот електричен автомобил!

Porsche во Франкфурт прв пат го прикажа концептот на електрична спортска лимузина, која би требало да биде ривал на популарниот Tesla Model S. Тоа значи дека покрај неодамна претставениот нов модел на 911-та, премиерно го видовме и она што ретко кој го очекуваше, а тоа е електричен модел од Porsche.

Сепак, станува збор за технолошка иновација во која е имплементирано знаењето стекнато на трките за издржливост во WEC шампионатот и трките 24 часа Ле Манс со прототипот 919 Hybrid.

Според некои информации, овој концепт не е најава за новата генерација на Panamera, туку веројатно за потполно нов модел кој Porsche го подготвува како и што претходно споменавме, како конкуренција на екстремно популарниот Model S на Tesla. Концептот на Porsche треба да се најде на пазарот за 2 до 3 години.

Визуелно, Mission E непогрешливо става до знаење дека се работи за автомобилската марка на Porsche, на кој истовремено може да се препознае влијанието од 918 Spyder, но и на основната 911-ка, но и на луксузната Panamera.

Платформата на овој концепт е целосно нова основа, изработена од алуминиум, челик и CFRP (пластика засилена со јаглеродни влакна), специјално конструирана и интегрирана со електричен погон, што според зборовите на луѓето од Porsche, веќе во старт се отфрла идејата за можност за вградување на друг вид на погон, како класичен или пак хибиден.



За погон тука ќе бидат двата електромотири, по еден за секоја осовина, кои работат синхронизирано. Потврдено е дека вкупната сила преминува 600 „коња“, што е повеќе во однос на 911 Turbo.

Кога сме веќе кај моторите, Mission E до 100-ка забрзува за само 0,1 секунда побавно во однос на 911-та, што значи за 3,5 секунди, што е повеќе од импресивен резултат, имајќи во предвид дека станува збор за возило со маса поголема од два тона. Исто така наведен е фактот дека за 12 секунди ова Porsche стигнува до 200 km/h.

Mission E поседува специјално предно лево „крило“, кое „крие“ систем за полнење на батериите (Porsche го викаат Turbo Charging System), а користи напон од 800 V, што е двојно повеќе во однос на лимузината на Tesla. Тоа значи дека скоро 80 отсто од капацитетот на батериите може да се наполни за само 15 минути, што овозможува автономија од околу 400 километри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...