Едно американско семејство кое се враќало дома со својата Tesla S, било дочекано од полиција, која побаралa од возачот да го отвори багажникот бидејќи добиле пријава дека токму таму возел деца.
Сепак, кога возачот отворил, полицајците се збуниле. Она што го виделе е како во новиот модел на Tesla S има поставено две седишта во багажникот, во кој комотно може да се возат двајца.
Овој „изум“ е многу интересен и е одлично решение за оние кои се големо семејство или друштво. До сега овие седишта можевме да ги видиме како помошни во поголемите автомобили како што се MPV и SUV, а сега достапни се и во лимузината Tesla S.