Opel се издигна на повисоко ниво, кога се однесува за технолошките спецификации на неговите модели. Имено се работи за систем веќе познат на Insignia и Astra, ултрамодерниот IntelliLInk. Токму овој систем ќе биде омилен дел на помладата генерација, но и на оние повозрасните кои сакаат да бидат во тек со технолошките напредувања.
Овој пат, надградениот систем R4.0 IntelliLInk лесно ги интегрира функциите на мобилните телефони преку Android Auto и Apple CarPlay, за додатна цена од 350 евра. Од друга страна пак Opel OnStar обезбедува стабилна и моќна интернет конекција, која ви дозволува без проблем да се вклучите на интернет. Освен ова, системот нуди и додатни услуги кои го прават возењето поопуштено, вклучувајќи ја и навигацијата TomTom GO 40.
- Новиот R4.0 IntelliLink систем со интеграција на паметни мобилни телефони е совршен пример за уживање во ултрамодерна врска и инфо-забавна технологија. Овој систем заедно со Opel OnStar обезбедува брз, стабилен и екстензивен пристап на интернет за сите патници во Corsa, истакна Петер Кристијан Кисперт, потпретседател на продажба и постпродажба во Opel групацијата.
R4.0 IntelliLInk доаѓа во вообичаен прегледен 7-инчен екран во боја чувствителен на допир, овозможува USB и Bluetooth конекција, интерфејс за аудио, можности за гледање на фотографии, видео материјали и филмови, обавува телефонски повици преку hands-free модулот и е компатибилен со Android и IOS системите. Сè што треба е да го приклучете вашиот смартфон преку USB кабелче и да уживате во сите предности.