Еден од многуте со нетрпение очекувани автомобили на овогодинешниот Detroit Auto Show беше и M2 моделот на BMW, спиритуелниот наследник на легендарното BMW 2002 Тurbo од ’70-тите
Овој модел ќе има 3 литарски турбо мотор од 365 коњски сили, а ќе биде во две варијанти: со 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински dual-clutch (автоматски) менувач.
Со тежина од (само) 1,6 тона (благодарејќи на алуминиумските делови), забрзува од 0 до 100 за 4.2 секунди (4.4 со мануелниот менувач), па до електронски лимитираната најголема брзина од 250 км/ч.