„Шпионски“ слики од BMW 3 Series (2018)

3 Series е без сомнение најважниот модел од линијата на BMW, кој и покрај тоа што годинава е подновен со неколку подобрувања, наголемо продолжува да се развива и усовршува, за што сведочат и најновите „шпионски“ фотки од тестирањето на моделот за 2018-та.



Иако возилото е скоро сосема камуфлирано, се забележува дека носот е сличен на оној од најновата 7 Series, а според фотографиите на кои се гледа профилот, очигледно е дека ги има задржано пропорциите на тековниот модел. BMW за оваа нова генерација на 3 Series наводно ја користи шифрата G20, и планира моделот да е малку поширок (со подолго меѓуоскино растојание) од сегашниот со цел да се добие поголем простор наменет за патниците.



Претпоставките се дека основниот модел 316i ќе има 1,5 литарски 3-цилиндричен мотор од 136 коњски сили (кс), додека дизел варијантата од истиот модел ќе биде со 122кс. Моделот со 2 литарски мотор и 4 цилиндри се очекува да биде најпродаван, додека 6-цилиндричните модели исто така би биле надоградени (328i со 260кс и 340i со 365кс)



Mинатата година, според тогашните шпекулации, се појавија и некои неофицијални рендери за тоа како овој модел би можел да изгледа, а како што може да се забележи од најновите камуфлирани фотографии, одредени силуети (особено предницата) се многу блиску до рендерите.



Се претпоставува и дека идниот M3 може да користи Plug-in Hybrid System за зголемување на моќноста и намалување на емисиите од гасовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...