Manifesto – победнички концепт на Ferrari од иднината

Минатата година Ferrari објави конкурс на кој учествуваа неколку врвни дизајнерски школи низ светот, на тема како би изгледало нивно возило во 2040-та година. Победникот од пристигнатите 50-тина дизајни е моделот наречен Manifesto.



Ferrari Manifestо е дизајниран од шест студенти од ISD-Rubika од Франција. Дизајнот е футуристички и елегантен - контурата ја прати една непрекината линија која започнува од носот, преку заоблените браници, па се до задниот дел („опашката“). На кровот има цевка чија цел е да го вшмукува воздухот при движење, вратите (кои истовремено се и шофершајбна) се отвораат нагоре, додека погонот е некаков вид на авионски мотор.

 

Жирито составено од дизајнери, инженери и возачи (вклучувајќи ги Paolo Pininfarina, Sebastian Vettel, Nick Mason, и Jay Kay) едногласно на овој модел му ја додели првата наградата („Gran Premio Assoluto”), но меѓу мноштвото пристигнати дизајни од жирито беше издвоен оној на Roman Egorov (руски студент од Hochschule Pforzheim во Германија), наречен “FL”, фокусиран исклучиво на дизајн на кабината (сл.4) , која би можела да се вгради во било кој модел.



Наградата „Premio Speciale” за која се гласаше преку онлајн на Facebook страната на Ferrari, ја доби моделот „de Esfera”, дизајниран од три студенти од Hongik University од Сеул, Јужна Кореа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...