Новата претседателска лимузина – повторно Cadillac

Не се знае кој ќе биде идниот американски претседател, но се знае дека идната претседателска лимузина повторно ќе биде модел на Cadillac.



Прекарот на претседателската лимузина на Обама е „The Beast” (ѕвер), додека официјалните шифри кои тајната служба ги користи за овие возила се Cadillac One и Limo One. Сегашната лимузина е адаптирана верзија Cadillac DTS, во комбинација со (камионска) шасија од Chevrolet Kodiak, а според шпионската фотографија, многу е веројатно дека и новиот „ѕвер“ ќе ги има истите карактеристики, но визуелно ќе личи на последните модели на Cadillac.

Конкретно, иако добро закамуфлиран, силуетата на предниот дел потсеќа на новиот Cadillac CT6. Американската влада има поднесено барање за предлози за нова лимузина уште во 2013-та година, а овој нов модел се очекува да си ја започне должноста во 2017-та.



Што се однесува до техничките и останати карактеристики, тие тешко некогаш во целост да ги дознаеме (бидејќи се од важност за националната безбедност), но со сигурност ќе ги има минимум одликите на сегашниот „ѕвер“, како што се блиндираните стакла со дебелина од 12 см чија технологија на изработка и состав се држи во тајност, гуми од кевлар кои е скоро невозможно да се продупчат ( а доколку тоа се случи автомобилот може да вози и само на челичните бандажи), каросерија од челик, алуминиум, титаниум и керамика, со херметички затворена кабина (во случај на биохемиски напад) со челична плоча на дното (во случај под возилото да се активира бомба или граната), резервоар за гориво запечатен во специјална пена кој не може да експлодира дури и со директен удар (од куршум и сл.), багажник со противпожарна опрема, боци со кислород и контејнери со крвта на претседателот, сателитски телефони во кабината со директна линија до потпретседателот и Пентагон, и уште којзнае колку други безбедносни адаптации што го прават ова возило близу до неуништливо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...