DeLorean DMC-12 повторно на пазарот

Компанијата DeLorean Motor ќе го „воскресне“ автомобилот кој беше една од главните „ѕвезди“ во Back to the Future (Враќање во иднината) трилогијата од 80-тите.



Благодарејќи на нов закон донесен од американската влада (со кој се дозволува low-volume производство), компанијата DeLorean Motor по цели 34 години повторно ќе почне да го произведува овој автомобил, поточно моделот DMC-12 (кој им бил и единствен модел), најпознат по неговата „улога“во Back to the Future трилогијата од 80-тите. Досега, компанијата преживувала со санација на старите DeLorean-и (некои 9000, колку што биле продадени), сопственост на разни ентузијасти.

Инаку, оригиналната компанија била формирана во 1975-та од John DeLorean, но банкротирала во 1982-ра, и покрај напорите на John да ја спаси со пари добиени од шверцување на дрога. Во 1995-та, механичарот Stephen Wayne ја основал DeLorean Motor, а потоа ги купил сите преостанати делови и логото од оригиналната компанија.



Оригиналниот модел користел V6 мотор на Renault, но не се знае што новиот модел ќе користи. Компанијата планира да додаде и подобри кочници и амортизација за да го направи автомобилот подобар за возење на модерните патишта. Планот е да се прават околу 4 нови автомобили месечно, кои би чинеле близу $100 000, а би се појавиле на пазарот во почетокот на 2017-та. Колку за споредба, санираните стари модели чинат од $45 000 до $55 000.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...