Audi Q2

Audi ќе го престави својот нов модел Q2 на Geneva Motor Show во март, а ова најмало нивно SUV ќе биде првенствено наменето за помладата генерација

Q2 е базиран на MQB платформата (на која се заснова и моделот A3), со стандардни модели кои ќе имаат погон на предните тркала, и поскапи верзии кои ќе го користат добро познатиот Audi-ев quattro погон. Стандардните модели ќе користат четири-цилиндрични мотори, што ќе му даде на Audi избор да испорачува неколку варијанти и тоа 1.0, 1.4 и 2.0 литарски бензински турбо мотори, и 1.6 и 2.0 литарски TDI дизел мотори. Сè уште не се знае дали ќе има и хибридна варијанта, иако и таа ќе биде неизбежна за некоја година.



Audi Q2 ќе биде на располагање исклучиво во верзија со 5 врати (иако беше најавувана и верзија со 3) и ќе биде значително пократок отколку моделот Q3 – до толку, што ќе биде втор најкраток модел од сите на Volkswagen Group, веднаш зад Audi TT. Должината ќе му биде помалку од 4,3м, а се очекува да тежи помалку од 1200кг.

Со оглед на целната група купувачи на овој модел (помладата генерација), возилото ќе може скоро комплетно да се персонализира – од ентериерот (кој ќе биде далеку поколористичен од било кој мејнстрим модел на Audi досега) до бојата на кровот, па дури ќе има избор и за алуминиум или carbon fiber за C-pillars.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...