Ferrari GTC4Lusso

Ferrari GTC4Lusso ќе биде претставен во март на авто саемот во Женева, на местото на најавениот Ferrari FF модел кој е официјално „пензиониран“.



Во суштина е направен „фејслифт“ на FF моделот - GTC4Lusso има модифициран преден браник со вградени отвори за влегување на воздух, спојлер монтиран на кровот, како и дупли округли задни светла. Задницата е исто така модифицирана со цел да се зголеми аеродинамичноста.

Внатрешноста е опремена со последниот infotainment систем на Ferrari, вклучувајќи 10,25 инчен дисплеј, како и помалечок волан благодарејќи на новите, покомпактни воздушни перничиња.



Моторот превземен од FF моделот, но е засилен: GTC4Lusso ќе има 6.2 литарски V12 мотор од 680 коњски сили (во споредба со 651 од FF), и ќе биде способен да „качи“ од 0 до 100 за 3.4 секунди. Со тежина од 1790кг, максималната брзина ќе му биде 335 км/ч.

За да возилото добро се држи дури и на мокри, лизгави или снежни патишта, вградена му е Slip Side Control технологијата која преку електронските диференцијали и амортизери (како и преку благо насочување и на задните тркала) го стабилизира во кривини и при големи брзини.



Повеќе детали ќе се знаат како што ќе се приближува датумот кога ќе се одржи Geneva Motor Show, но се очекува цената да е поголема од 300.000 евра (колку што требаше да е моделот FF).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...