8 концепти на автомобили кои не се остварија

Често пати производителите на автомобили по авто-саеми претставуваат нови концепти од нивните модели за кои најавуваат дека за неколку години ќе се појават во сериско производство. Еве 8 од нив кои тоа не го дочекаа:

1. Saleen S5S Raptor



S5S Raptor била визијата за супер-автомобил на американската компанија Saleen во 2008-ма, со 5 литарски V8 мотор од 650 коњски сили. Меѓутоа, поради финансиски тешкотии на компанијата, таа никогаш не се остварила

2. Volkswagen W12 Nardo



Првиот W12 прототип се има појавено во 1997-ма, додека Nardo (именуван според тест траката на која ги поставил сите рекорди) е излезен во 2001-ва. Со мотор од 591 коњски сили, можел да забрза од 0-100км/ч за 3,5 секунди, а најголемата брзина му била 357км/ч. Наместо прототипот да влезе во продукција, тој бил откажан, а наместо него бил направен Bugatti Veyron (кој има одредени примеси од W12 во него)

3. Bugatti Galibier



Претставен во 2009-та, овој концепт требало да биде наследник на Veyron (имајќи го истиот негов мотор), и да се појави на пазарот околу 2014-2015-та. Meѓутоа, Bugatti наместо овој, за наследник го прогласиле моделот Chiron.

4. Cadillac Sixteen



Како еден знак на почит спрема познатиот Cadillac V16 од 1930-тите, овој концепт се појавил во 2003-та. Со ѕверски 13,6 литарски мотор и 1000 коњски сили, навистина е штета што никогаш не влегол во сериско производство.

5. Chrysler Atlantic

Пред повеќе од 20 години, Chrysler го претставил концептот Atlantic. Со ретро дизајн како од 1930-тите и 4 литарски 8 цилиндричен мотор (направен од споени два мотори на Neon), никогаш не ни имал шанса покрај моделот Dodge Viper (чија амортизација ја имал), кој во 1995-та веќе наголемо се произведувал.

6. Maybach Exelero



Maybach Exelero, „земјената јахта“, бил претставен во 2005-та. Напојуван од 5,9 литарски V12 twin-turbocharged мотор од 690 коњски сили, можел да постигне до 452км/ч. Била направена само една ваква „јахта за на земја“, и чини 8 милиони долари.

7. Mini Cooper Rocketman



На 2011 Geneva Auto Show, Mini го покажале концептот Rocketman кој според големината бил поблиску до оригиналниот Mini од 60-тите (344 долг), а со кабината која што можела да се реконфигурира, можел да смести до 4 лица. За жал, и овој концепт останал само на тоа.

8. Maserati Birdcage



Инспириран од Maserati Tipo 63 тркачкиот модел од 1960-тите, Birdcage концептот бил објавен во 2005-та. Направен од carbon fiber, имал 6 литарски V12 мотор од над 700 коњски сили. Дизајниран од Pininfarina, немал врати туку за да се влезе во него требало да се отвори кровот од куполата/кабината. Сите овие футуристички карактеристики биле невозможно да се имплементираат како што треба во автомобил за сериско производство, така што и овој концепт не го доживеал тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...