Techrules AT96 и GT96 TREV концепти

Стартап компанијата Techrules од Пекинг претстави два концепти на спортски автомобили кои се дури предобри да би биле вистинити (и да некогаш се произведуваат сериски)

Моделите се наречени AT96 и GT96, и двата се електрични возила со турбинско полнење. АT96 користи керозин (авионско гориво) и е наменет за тркачки патеки, додека GT96 користи биогас или природен гас и е наменет за обичните патишта. Според тврдењата на компанијата, хибридните мотори вградени во овие автомобили се способни да поминат над 2000км со 4л гориво.

Овие ѕверови од автомобили ги движат вкупно 6 електрични мотори – по еден на секое од предните тркала, и по два на секое од задните. Вкупната нивна моќност изнесува неверојатни 1030 коњски сили, а забрзувањето од 0-100 е за 2.5 секунди. Вградениот електронски ограничувач ја лимитира максималната брзина на 350км/ч, а максималната километража со едно нивно полнење е над 1700км.




За сето ова да е возможно (доколку и навистина е возможно во моделите кои масовно би се произведувале), системот користи микро-турбини кои се вртат со 96000 вртежи во минута и произведуваат 36 kW од кои 30 одат за напојување на генераторот и 20 kWh lithium-manganese-oxide батеријата, додека 6 kW се наменети за помошната опрема. Компанијата тврди дека автомобилите без батериите и моторите тежат само 100кг.



За сето ова да е уште поневеројатно, Techrules тврдат дека возилото не бара скоро никакво одржување, освен повремено менување на воздушниот филтер. Моментално прототипите се тестираат на патеката Silverstone, а дали воопшто (и кога) некој од овие модели би се појавил во сериско производство, уште не се знае.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...