Eagle 360 – сферични гуми на иднината

Goodyear на овогодинешниот Geneva Motor Show го претстави концептот за сферични гуми, наречени Eagle 360, кои би ги користеле автономните возила од иднината



Eagle 360 гумите не би биле поврзани меѓусебно со класична оска, туку би користеле магнетна левитација со чија помош каросеријата на автомобилот би лебдела врз нив, притоа овозможувајќи му глатко и тивко возење. Нивната шара ќе биде имитација на браздите на корален гребен, а ќе се способни да ја менуваат формата и притисокот во различни сценарија – на пример, при возење во суви услови, тие би се стврднувале за подобро да се залепат на патот, додека при возење на мокри патишта, гумата би омекнувала (со помош на сунѓерест материјал во браздите) што би помогнало во превенцијата на hydroplaning (неконтролирано лизгање на мокра површина). Бидејќи ќе бидат 3D принтани, дизајнот на шарата ќе биде прилагодлив и базиран на локацијата и навиките на возачите во земјите каде што тие ќе бидат испорачувани.



Во нив ќе бидат интегрирани сензори кои ќе препознаваат на кои сегменти гумата има претрпено најмногу оштетувања (т.е е излижана), и самите ќе ја репозиционираат со цел да и го продолжат траењето. Истите тие сензори би ги препознавале и временските услови и би комуницирале со околните (автономни) возила, сето тоа со цел за што побезбедно возење.



Покрај сето ова, бидејќи ќе бидат способни да ротираат во сите насоки, значително ќе го олеснат процесот на паркирање



Сега засега Eagle 360 гумите се само во фаза на концепт, и не се знае дали воопшто некогаш ќе почнат да се произведуваат сериски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...