По повод 100-тиот роденден на Ferruccio Lamborghini (кога би бил жив денес), компанијата на овогодинешниот Geneva Motor Show го претстави најновиот суперавтомобил модел наречен Centenario.
Практично, „под хаубата“ овој модел е Aventador, но со нов дизајн и со уште по импресивни спецификации. Centario е направен врз карбонска основа со V12 мотор во задниот дел. Но наместо 700-те коњски сили кои ги има Aventador, Centario располага со мотор од 760 коњски сили, способен да накачи од 0 до 100км/ч за само 2.8 секунди, и да постигне максимална брзина од над 350км/ч.
За да ја издржи оваа моќност и брзини, Centario е опремен со карбо-керамички кочници и магнетореологични амортизери. Системот за управување е на сите четири тркала (како кај Porsche 911 GT3 или Ferrari F12 TdF), со цел да го држи автомобилот стабилен при големите брзини и влегувањето во кривини. Од Aventador го има наследено и уникатниот ISR (Independent Shifting Rod) систем за пренос, кој е способен да менува брзини за 50 милисекунди. Колку за споредба, преносните системи во Formula 1 тоа го прават за 40 милисекунди, а најбрзото што може да го постигне еден постар Lamborghini модел (Gallardo) e 120 милисекунди.
Lamborghini ќе произведе само 40 вакви автомобили – 20 купеа и 20 кабриолети, кои ќе чинат скоро 2 милиони евра секој, и кои сите се веќе „таксани“. Нормално, за оваа цена купувачите ќе можат да ги прилагодат по сопствен вкус (во поглед на боите и перформансите)
Инаку, овој модел ќе се најде на насловната на најновото издание на видео играта Forza Motorsport.