BMW Vision Next 100

BMW го претставија нивниот концепт како би можеле да изгледаат нивните автомобили во наредните 100 години, наречен BMW Vision Next 100

Со овој концепт тие нудат повеќе комфор, повеќе асистенција помеѓу возилото и возачот, како и поинтензивно искуство при возење. Според BMW, возачот во иднината ќе биде во константен „дијалог“ со својот автомобил, по интуитивен и природен пат. Автомобилот ќе го поддржува со јакнење на неговата перцепција, препознавајќи ги неговите потреби и нудејќи му сосема ново возачко искуство, преку сите технолошки иновации вградени во него.

Почетна точка при создавањето на овој концепт бил ентериерот. Неговиот дизајн дозволува два мода на возење: Boost Mode, каде што возачот го контролира автомобилот, и Ease Mode, каде што автомобилот ја превзема контролата и вози автономно. За целото тоа време, возилото ќе „учи“ сè повеќе за шоферот и неговите возачки навики преку неговата сензорна и дигитална интелигенција, т.е системот наречен Companion. Companion ќе биде постојано вклучен и ќе му овозможува на возачот постојан пристап до сите (одобрени) податоци од разни извори (социјални мрежи, календари, канали со вести), кои интелигентно ќе ги синхронизира со сензорните информации од околината на возилото. Исто така, овој систем ќе комуницира и со пешаците, визуелно информирајќи ги дека ги забележал (со палење на зелено светло) и дека возилото ќе запре за да поминат.



Ентериерот (како и делови од екстериерот) ќе бидат изработени со револуционерната технологија која BMW ја нарекува Alive Geometry, т.е „жива геометрија“. Alive Geometry се состои од скоро 800 подвижни триаголници (активирани со сензори) вградени во инструмент таблата и во делови од страничните панели. Тие директно ќе комуницираат со возачот преку нивните движења и менување на бојата (во црвена), и во комбинација со Head-Up дисплејот, постојано ќе му сигнализираат доколку нешто не е во ред и е потребна негова акција, особено доколку му претстои некоја опасност која тој не може да ја види бидејќи е надвор од неговото видно поле.

Alive Geometry технологијата ќе биде искористена и за динамичните лакови на тркалата, кои ќе ја менуваат формата на каросеријата при секое нивно движење.

Според BMW, тие ќе бидат изработени со нов, 4D процес на принтање, што значи дека нивните динамични карактеристики и боја ќе бидат создадени во еден единствен производен процес.

Компанијата сè уште нема кажано ништо во врска со погонот кој би го движел овој тип на автомобил, така што сега засега тоа е единствената мистерија во врска со овој концепт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...