Toyota Prius plug-in hybrid 2016

Тоyota на New York Motor Show ја претстави plug-in hybrid верзијата на четвртата генерација на Prius, со CO2 емисии од само 32g/km.

Моделов има поразличен стајлинг од стандардниот hybrid, има вградено повеќе технологија и според тврдењата на Toyota, ќе биде нај економичниот plug-in hybrid кога подоцна годинава ќе се појави на пазарот, со потрошувачка од само 1,4 литра на 100км.



Ова е втора генерација на plug-in hybrid Prius, а со регуларниот hybrid модел заеднички ќе им биде само 1.8 литарскиот бензински мотор, додека електричниот мотор на Plug-in верзијата ќе има поголема литијум-јонска батерија од 8.8kW/h, и двоен систем на моторен погон.

Потрошувачката, барем „на хартија“, е за 2,6 литра на 100км помала од онаа на стандардниот Prius модел, додека CO2 емисиите треба да се 32g/km (што е за 38g/km помалку од стандардниот модел, и за 7g/km помалку од оние на VW Golf GTE)

 

Од Toyota тврдат дека автомобилот ќе може да се вози до 135км/ч додека работи само во електричниот мод, со домет од 50-тина километри со едно полнење (што е дупло повеќе од стариот модел). Батеријата целосно ќе се полни за околу 2 часа и 20 минути, а никакви други технички спецификации не се објавени, освен дека oвој модел ќе има едно од најдобрите забрзувања во неговата класа.

Во поглед на дизајнот, овој модел е 15мм поширок и 20мм пониско до земјата во споредба со стандардниот Prius, a има и уникатни предни фарови, како и дизајн на задните LED светла во форма на бумеранг.



Информации и слики од ентериерот сè уште нема, но бидејќи моделот ќе има поголема батерија, бројот на седишта ќе биде намален на 4, со централна конзола која ќе поминува низ средина на целата кабина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...