Skoda Yeti SUV

Skoda го спрема наследникот на моделот Yeti кој ќе има повеќе простор, нов избор на мотори, и треба да се појави на пазарот во 2018-та.

Овој нов SUV ќе биде изграден врз варијација на MQB платформата на Volkswagen, а ќе има сличности и со новата SEAT Ateca и Volkswagen Tiguan.

Во поглед на дизајнот, значително ќе се разликува од сегашниот модел, и стилски ќе биде многу блиску до Vision S концептот претставен на овогодинешниот Geneva Motor Show, кој е применет и на моделот Kodiaq кој официјално ќе биде претставен во Октомври на Paris Motor Show.

Новиот Yeti ќе биде многу попрактичен од сегашниот, со поголем багажник и повеќе простор за патниците во кабината. Сегашниот Yeti има капацитет на багажникот од 416 литри, додека на SEAT Ateca е од 510 литри, така што реално е да се очекува нешто слично и кај Yeti-евиот наследник.

Од Skoda велат дека нивните инженери работат на изнајдување на најдоброто решените за нив во поглед на хибридната технологија. Hybrid моделот се очекува да ги има сличните карактеристики како VW Tiguan GTE, што значи 1.4 литарски бензински мотор спарен со електричен мотор, што би требало на Yeti да му овозможи CO2 емисии помали од 50g/km, и потрошувачка на гориво од 64 km/l

Се очекува на располагање да бидат и други мотори од распонот на VW Group, вклучувајќи го и 1-литарскиот 3-цилиндричен турбо бензинец, како и 1.6 и 2.0 литарските дизел мотори.

Новата верзија на Yeti нема да се појави пред 2018-та, а почетната цена би се движела околу 20300 евра за основниот модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...