Tesla Model 3

После долго чекање, компанијатa Tesla конечно официјално го претстави прототипот на Model 3, кој барем според презентираното, ги исполни очекувањата – има ниска цена (особено во споредба со останатите модели), пристоен опсег на движење со едно полнење на батеријата, и прилично е разновиден во поглед на функционалноста.



Според зборовите на Elon Musk (извршниот директор и основач на Tesla), Model 3 има врвни резултати во секоја категорија на тестовите за безбедност, а како стандардна опција ќе доаѓа Autopilot хардверот (за автономно возење), како и Supercharging способноста (за брзо полнење на батеријата).

Дизајнерски и визуелно, Model 3 не претставува ништо револуционерно, бидејќи во глобала се работи за помалечка верзија на Model S, со тоа што на предницата ја нема препознатливата решетка (која и онака е само украсна). Ентериерот е комфорен и има доволно место за 5 возрасни патници, што во голема мера се должи на намалената централна конзола која содржи само еден 15-инчен екран, кој е поставен хоризонтално (за разлика од вертикалната поставеност кај останатите Tesla модели), поради што предните седишта се помрднати понапред за да се зголеми просторот за нозе на оние кои што ќе седат позади.



Кровот е направен од две големи стаклени панели кои одат од шофершајбната до задниот дел на автомобилот, а е доволно простран на него да се постави, на пример, сурферска даска од над 2 метри.

Musk тврди дека најслабата варијанта на Model 3 ќе забрзува од 0-100км/ч за помалку од 6 секунди, и ќе може да помине најмалку 346км со едно полнење на батеријата – перформанси кои ќе се зголемуваат со секоја појака варијанта.



Почетната цена на Model 3 Ќе биде околу $35 000, додека за резервација се уплаќаат само $1000. Автомобилот треба да се појави на пазарот во 2017-та, а досега се направени над 276 000 резервации (од кои 180 000 уште во првите 24 часа по презентацијата)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...