Audi A8L Extended

Анонимен Европски купувач на кого Audi A8L очигледно не му бил доволно голем, нарачал верзија од овој модел со 6 врати, во кој можат комотно да се сместат 6 луѓе, наречен Audi A8L Extended.



Додека „малиот“ А8L модел е долг 5.27m, Extended верзијата е подолга за повеќе од метар, со должина од 6.36m. Растојанието меѓу оските на тркалата е 4.22m кај Extended, во споредба со 3.10m кај обичната верзија.

На инженерите на Audi им била потребна цела година да го осмислат и направат овој модел, поточно да ја задржат ригидноста на A8 при „развлекувањето“ на каросеријата. На крајот, тоа било постигнато со додавање на алуминиум во секциите каде што било потребно продолжувањето. Исто така кровот бил дополнително зајакнат , и додаден е стаклен панел од 2.40m со цел во кабината да влегува што повеќе надворешна светлина.



Аudi A8L Extended го користи добро познатиот Audi 3.0 TFSI V6 мотор од 306 коњски сили, 440Nm вртежен момент, 8-брзински автоматски менувач и Quattro погон (на сите тркала).

Од 0-100км/ч забрзува за 7.1 секунди, што е сосема задоволително со оглед на тоа што автомобилот тежи неполни 2.5 тони. Максималната брзина му е 250км/ч.



Ентериерот е изработен од Valcona кожа, а распоредот на седиштата не е како во лимузина, туку сите се свртени нанапред – што било изработено според желбата на купувачот. Инаку, третиот ред на седишта има фрижидер и дисплеј за прикажување забавни содржини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...