Audi Q5 2016

Втората генерација на Audi Q5 ќе биде изработена врз MLB платформата на Volkswagen (кратенка од Modularer Längsbaukasten, на англиски Modular Longitudinal Matrix), од истиот сет од компоненти од кои е изработена шасијата на последната верзија на моделот A4. Oва ќе придонесе новиот Q5 да има многу помала тежина, околу 100кг помалку од сегашниот модел.



За прв пат, Audi ќе претстави и верзија од Q5 со погон на предните тркала, додека онаа со погон на сите четири ќе ја има најновата верзија на Quattro системот, кој по потреба го исклучува погонот на задните тркала при секојдневното движење, со цел да се заштеди на гориво (како кај новиот A4 Allroad)

Основната верзија ќе има 2.0 литарски 4 цилиндричен turbocharged бензински мотор од 190 коњски сили, со погон на предните тркала, додека појаката се очекува да биде со 2.0 литарски мотор од 250 коњски сили и погон на сите четири тркала.



Дизел варијантата во основната верзија исто така се очекува да има 2.0 литарски 4 цилиндричен мотор од 190 коњски сили, со емисии на CO2 помали од 125g/km. Ќе доаѓа во варијанта со мануелен менувач, или со автоматски dual-clutch S-tronic.

Помоќните дизел варијанти ќе бидат со 3.0 литарски 6-цилиндрични мотори од 218 и 272 коњски сили, со автоматски менувачи и исклучиво Quattro погон кај појакиот мотор.



Најјаките верзии на моторите ќе бидат вградени во SQ5 и RS Q5 моделите кои треба да се појават подоцна, и тоа SQ5 треба да има 6-цилиндричен дизел мотор со повеќе од 344 коњски сили, додека RS Q5 (кој се очекува во 2017та) ќе биде бензинец со twin-turbo мотор и над 456 коњски сили. Најавена е и plug-in Hybrid верзија со еден бензински и два електрични мотора и CO2 емисии помали од 90g/km.

Најголемите измени во однос на сегашниот модел ќе бидат во ентериерот, кој ќе биде опремен со нови материјали и поголем простор за нозе кај задните седишта (поради поголемото растојание меѓу оските), а ќе биде вградена и најновата верзија на навигацискиот систем на Audi, вклучувајќи ги последните Google Maps и Virtual Cockpit.

Новиот Q5 треба да се појави на пазарот во последниот квартал од 2016 со стартна цена од околу 40.500 евра за основниот модел, и 41.500 за Quattro моделот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...