Нова генерација на i-Cockpit

Peugeot ја претстави наредната генерација на нивниот i-Cockpit, командна табла која ќе се вградува во нивните нови модели, првенствено во новиот 3008 кој треба да се појави на пазарот во тек на оваа година, а потоа и на наредните генерации на моделите 208 supermini и 308 hatch.



Ова следи по најавата на матичната компанија PSA Group ( Peugeot Citroën) дека планираат да претстават 26 нови модели глобално, пред 2021-ва, тука вклучувајќи 9 Peugeot модели кои би го користеле овој дизајн на кабината (адаптиран според потребите).

i-Cockpit системот дебитираше во 2012-та, во моделот 208, за потоа да биде трансфериран и во моделите 2008 и 308. Најновата генерација на овој систем е значително подобрена, и вклучува и Peugeot-ова верзија на дигиталните бројачи од VW Group Virtual Cockpit системот.

Специфична карактеристика на овој систем е малечкиот волан и бројачите поставени над него наместо зад него, нешто што наиде на критики од оние кои имале потешкотии јасно да ги гледаат бројачите, бидејќи им сметал воланот. Од Peugeot го зеле ова во предвид, па така најновата генерација на i-Cockpit-от има сменета форма на воланот, и дисплејот со бројачите е поставен уште повисоко.



Инженерите на Peugeot исто така развиле нов 12.3 инчен дигитален дисплеј во висока резолуција, поставен на местото на аналогните бројачи кои биле потешки за читање. Тој може комплетно да се индивидуализира, па така возачот може да бира каде ќе биде поставен брзинометарот а каде бројачот на вртежи, како и дали сака да му бидат прикажани сателитската навигација, медија екраните и сл. Дисплејот има и ноќен мод кој ги редуцира прикажаните информации (со што дисплејот помалку „блешти“).

Во центарот на командната табла на моделот 3008 ќе има и нов 8-инчен тачскрин таблет, кој наместо копчиња осетливи на допир ќе има 7 физички копчиња за контрола на климата, радиото, сателитската навигација и системите за асистенција на возачот. Навигацијата ќе биде прикажана во 3D, и ќе има pinch-to-zoom функционалност. Ќе бидат подржани и Apple CarPlay и Android Auto смартфон конективностите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...